Промени тема
Контакт

Откажан лет на „Квантас“ поради инсекти на седиштата во економската класа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryf40ntalvsmlu70fczrW
фото: unsplash

Авионската компанија „Квантас“ откажа лет од Рим за да овозможи темелно чистење на авионот, откако стеници биле забележани на мал број седишта во економската класа, соопшти портпарол на компанијата.

— реклама —

Од „Квантас“ им се извиниле на патниците поради нарушувањето на планот за патување. На засегнатите патници им биле обезбедени сместување и алтернативни летови во рок од 48 часа од првично планираното полетување, пренесува „Гардијан“.

— реклама —

Компанијата наведува дека кабините на авионите редовно се чистат според високи стандарди, а на секои 50 дена се третираат со средство за дезинфекција како превентивна мерка.

Професорката Мишел Пауер од Универзитетот Маквори оценила дека стениците најверојатно биле внесени во авионот преку багажот или облеката на патниците, а потоа се прошириле низ кабината. Овие инсекти често се поврзуваат со патувањата бидејќи можат да навлезат во багажот по престој во заразени хотелски соби.

— реклама —

Според Пауер, стениците не се опасни, но нивните каснувања може да предизвикаат чешање и иритација на кожата. Нивното целосно отстранување е особено тешко бидејќи можат долго да се кријат во постелнина и пукнатини без да се хранат.

Таа посочила и дека појавата на стеници има и социјална димензија, бидејќи луѓето со помали финансиски можности потешко можат да си дозволат средства за нивно уништување или загревање вода на 55 степени Целзиусови, температура потребна за уништување на инсектите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања