Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Откриена причината за големата трагедија во Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
20230227071314

Снимање на Тик-Ток видео била причината зошто 14-годишното девојче се качило на железничкиот вагон до кој стоела цистерна во синоќешната трагична несреќа во Општина Илинден.

— реклама —

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, за Телма потврди дека се работи за смрт од струен удар, а дека на местото биле присутни три другарки, тинејџерки, кои дошле околу 21 часот. Девојчето починало на самото место. Интервенцијата на пожарникарите траела до 21 часот и 45 минути, а потоа симнатото тело било дадено на обдукција.

-Сите мора да внимаваме на нашите деца, особено на малолетниците каде се движат и што прават затоа што за жал ова не е прв случај и за да ги заштитиме нашите деца мора да преземеме соодветни мерки за да се укаже дека не смее да се движат во тие делови и особено да се качуваат на вагоните затоа што се многу опасни и може да настане последица од струен удар, изјави Ангеловски.

— реклама —

Слична трагедија со Тик-Ток видео се случи пред неколку месеци во скопско Маџари, кога 17-годишна девојка на идентичен начин доби тешки изгореници по телото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања