Откриена причината за смртта на Роби Колтрејн, познат по улогата на Хагрид во Хари Потер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
1884326310634995f28747a071845422_v4_big

Актерот Роби Колтрејн, најпознат по улогата на Хагрид во филмовите за Хари Потер, почина на 72-годишна возраст, а сега е откриена причината за неговата смрт.

— реклама —

Како што пишува Deadline, Колтрејн починал поради откажување на повеќе органи, а во извештајот се вели дека имал и сепса, инфекција на долниот респираторен тракт и срцев удар.

— реклама —

Исто така, му била дијагностициран и дијабетес тип 2.

— реклама —

Да потсетиме дека веста за неговата смрт ги потресе луѓето ширум светот, а од него се простија бројни колеги и пријатели, меѓу кои и Даниел Редклиф.

„Роби беше еден од најзабавните луѓе што сум ги сретнал и постојано нѐ насмеа како деца на снимање“, напиша Редклиф.

Не е само Хагрид од „Хари Потер“ - сите улоги по кои ќе го паметиме познатиот Роби Колтрејн

Ниту Руперт Грин, кој го играше Рон во филмовите за Хари Потер, не ја криеше тагата поради смртта на неговиот постар колега.

„Срцето ми се скрши кога слушнав дека Роби го нема. Никогаш нема да го заборавам неговиот мирис на пури и лепак за брада - прекрасна комбинација“, напиша тој и додаде дека никој друг не можел да го игра Хагрид освен Роби. Исто како што беше Хагрид во книгите и филмовите, така и Роби беше во животот - топол, сочувствителен и смешен. Човек со големо срце кој сè уште се грижи за нас дури и децении подоцна. Се гледаме од другата страна Бобсер“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1884326310634995f28747a071845422_v4_big

Почина актерот кој го играше Хагрид во филмовите за Хари Потер

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања