Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Група Везилка Дали ме сакаш, Ти си проблем, Рани на усните Grupa Vezilka Dali me sakas, Ti si pr
Група Везилка   Дали ме сакаш, Ти си проблем, Рани на усните   Grupa Vezilka Dali me sakas, Ti si pr

Откриена причината за хеликоптерската несреќа кај Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sud-helikopter

Неосветлениот среднобранов антенски столб на ЈП „Македонска радидифузија“ е причината за урнувањето на полицискиот хеликоптер на 10 јули 2014 година кај Струмица, во кој загинаа четворица пилоти на МВР, сметаат вештаците Дарко Данев, професор на Машинскиот факултет во Скопје и Стојко Пејовски, пилот во АРМ, објави МИА.

Двајцата тоа го изјавија на денешното рочиште од судењето за хеликоптерската несреќа во Основниот суд во Струмица.

Професорот Данев смета дека техничката состојба на хеликоптерот не била причина за несреќата.

-Со исклучок на снимачот на глас, кој не работел и кој не морал да функционира, останатите, сите, елементи се уредни. Дали столбот е причина за несреќата затоа што не бил осветлен-да, рече професорот Данев.

— реклама —

Вештакот-пилот во АРМ, Стојко Петковски, беше дециден дека неосветлениот антенски столб е причина за несреќата.

Главна причина за падот е неосветлениот антенски столб и тоа го тврдам со глава, рече Петковски.

— реклама —

Додаде дека од податоците од уредот „БУР“, кој ги бележи податоците за летот, не е забележано никакво отстапување во процедурите за летање.

Судењето продолжува на 27 март.

— реклама —

Текстот во целост на: МИА

фото: МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања