Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Откриени детали: 21-годишен скопјанец смртно го прегази детето на “Пластичарска”, кое поминало каде што немало пешачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-10-12-at-21.18.30

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во собраќајот по член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член 301 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот, на 12 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, движејќи по булеварот “Никола Карев” во насока од исток кон запад, управувал автомобил Мерцедес Е 320.

— реклама —

Тој брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбите на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре пред секоја пречка што под дадените услови да може да ја предвиди.

— реклама —

Со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак – дете родено 2013 година кое како пешак попречно го поминувало коловозот надвор од обележан пешачки премин.

Од повредите здобиени при сообраќајната несреќа детето починало на Ургентниот центар, а осомничениот, без да укаже помош на повреденото лице го напуштил местото.

Ценејќи ги сите околности, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да определи мерка куќен притвор за осомниченото лице, а дополнително и мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања