Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Откриени детали од разговорот Путин–Си: Не станало збор за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryjatcdt9v616d5CeUbC5
wikimedia commons

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг за време на разговорите во Пекинг не разговарале за кинескиот мировен план за Украина.

— реклама —

Песков нагласи дека Кина е подготвена да помогне во изнаоѓање мирно решение за конфликтот во Украина, додавајќи дека Москва е благодарна за таквиот став на Пекинг.

Тој истакна и дека сè уште не е финализиран договорот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, бидејќи остануваат да се договорат повеќе детали.

— реклама —

Осврнувајќи се на западните медиумски извештаи дека околу 200 руски војници наводно поминале обука во Кина, Песков рече дека станува збор за лажни информации и предупреди дека треба внимателно да се пристапува кон таквите објави.

— реклама —

Портпаролот на Кремљ ја оцени посетата на Путин на Кина како „интензивна и многу продуктивна“, а коментираше и дека во Европа сè почесто се слушаат повици за дијалог со Русија.

„Русија е подготвена за разговори и веруваме дека дијалогот е секогаш подобар од тотална конфронтација, што во моментов го прават Европејците“, изјави Песков.

— реклама —

Тој додаде дека Кремљ засега нема информации за наводно блокирани руски морнари во Ормускиот Теснец, како и дека заедничките нуклеарни вежби на Русија и Белорусија претставуваат сигнал, како и секоја друга воена вежба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин би одговорил на повик од Макрон или Мерц, тврди Кремљ

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Свет | пред 4 дена

ilon-mask-1

Путин: Илон Маск е вистински гениј

Свет | пред 5 дена

zelenski-putin

Путин му гарантира безбедност на Зеленски ако дојде во Москва

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања