Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Откриени деталите за новогодишното украсување на Скопје за 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryp2isi1el4rni6SOyg7i

Градот Скопје ги презентираше плановите за изгледот на метрополата за пречекот на Новата 2026 година. Според техничката спецификација за јавната набавка, централното подрачје ќе добие нов празничен амбиент со масивни светлосни инсталации, интерактивни 3Д фигури и препознатливото „ѕвездено небо“, а украсувањето ќе се прошири и по главните градски сообраќајници.

— реклама —

Проектот предвидува избор на економски оператор способен да реализира обемен и технички сложен концепт, кој ги опфаќа централната елка, светлосни сводови и декорации на клучните булевари.

Плоштад „Македонија“: 13-метарска елка и големи светлечки инсталации

На главниот плоштад е планирана новогодишна елка висока најмалку 13 метри, со метална конструкција, вештачко зеленило и светлечки украси со бели блицеви. Плоштадот ќе биде збогатен и со неколку големи празнични инсталации погодни за фотографирање, меѓу кои:

— реклама —
  • 3Д мече со димензии 4х4 метри, обложено со герланди и ЛЕД осветлување

  • три светлечки подароци со висина до 4 метри

  • метална рамка во форма на Дедо Мраз висока 5 метри

  • алуминиумски 3Д ѕвезди високи 3 и 4 метри

  • „ѕвездено небо“ од ЛЕД мразулци, поставено на површина од најмалку 800 квадратни метри

Празнична декорација по улиците и булеварите

Украсувањето ќе опфати повеќе сообраќајници во централниот дел на градот. Планирани се светлосни фигури на бандери, висечки елементи и ЛЕД ефекти на следните локации:

  • Ул. „Даме Груев“ – 30 светлосни фигури

  • Ул. „Димитрија Чуповски“ – 20 фигури на бандери и 20 висечки елементи

  • Ул. „11 Октомври“ – висечки елементи и 100 ЛЕД „snowfall“ капки

  • Бул. „ВМРО“ – 24 фигури

  • Ул. „Филип Втори“ – 30 фигури

  • Бул. „Гоце Делчев“ – 40 фигури

  • Просторот пред Владата – 40 фигури

  • Бул. „Партизански одреди“ – 12 фигури

Строги услови за избор на изведувач

За да се квалификува, економскиот оператор мора во последните три години да има реализирано најмалку три договори од сличен тип, со вкупна вредност од најмалку 10 милиони денари со ДДВ. Дополнително, барем еден договор треба да биде вреден најмалку 3,5 милиони денари, што укажува дека проектот ќе го изведува фирма со значително искуство и капацитет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysdsu98m23hf380uVp1o

За новогодишно китење, општините платиле 785.000 евра, најголем „трошаџија” Општина Штип

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryteaipaj5jh296zoIrYK

Мицкоски заедно со граѓаните на плоштад „Македонија“, на дочек на Новата година

Македонија | пред 2 седмици

media-library4qm8clatrgv23aZ2hQ2

2026 нека биде година во која ќе бидеме подобри отколку што бевме

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања