Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Отсечени села на Скопска Црна Гора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ohrid-sneg-5

Снег врне со променлив интензитет на територијата на целата држава и истиот веќе почна да прави проблеми. На одредени патишта, поради ниските температури постои опасност од појава на голомразица. Од центарот за управување со кризи велат дека неколку дена селата Брест, Малино и Танушевци се отсечени поради снежните наноси на патот до нив. А селото Танушевци нема електрична енергија и екипите на ЕВН се спречени да го отстранат дефектот.

— реклама —
— реклама —

Од АМСМ велат дека сообраќајот се одвива во зимски услови, со забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Стуга- Ќафасан и Тетово – Шапка каде што за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема. Од таму препорачуваат доколку се патува да се вози крајно претпазливо.

— реклама —
— реклама —

Новата снежна покривка ќе биде од 10 до 30 сантиметри, а на планините во западните делови и над 50 сантиметри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања