Промени тема
Контакт

Отстранет кабаст отпад и поведени постапки за дивоградби во Злокуќани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarykvnvdqmacfjmeTgddgw

Општина Карпош, во соработка со полициски службеници од Полициската станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски контроли во урбаната заедница Злокуќани.

Во рамки на акцијата, градежниот инспектор утврдил неправилности поврзани со бесправно изградени објекти, по што се започнати соодветни инспекциски постапки согласно законските надлежности.

— реклама —

Паралелно, комуналниот инспектор, заедно со службите за јавна хигиена, отстранувал кабаст отпад од јавни површини на улицата „Скупи“ и во внатрешноста на населбата. Воедно, повеќе физички лица и домаќинства биле опоменати поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота.

— реклама —

Инспекциските служби разговарале и со жителите за комуналните проблеми со кои се соочуваат.

— реклама —

Од Општина Карпош најавуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат секојдневно, а заедничките акции со полицијата ќе бидат дополнително засилени со цел подобро почитување на законите, јавниот ред и чистотата во Злокуќани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Скопје | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања