Промени тема
Контакт

Отстранет руиниран објект во Маџир Маало, локацијата била претворена во дива депонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library7239alaa5d4md7ELvVx

Руиниран и напуштен објект на улицата „Петричка“ во Маџир Маало е отстранет од страна на Општина Центар, поради ризикот што го претставувал за безбедноста и здравјето на граѓаните.

По извршената инспекциска проверка било утврдено дека станува збор за импровизирана градба без сопственик, која со текот на времето била претворена во дива депонија и место каде што се собирале глодари и други штетници.

— реклама —

Објектот е отстранет, а просторот е целосно расчистен од шутот и наталожениот отпад.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека општинските служби постапуваат на ваквите локации секогаш кога имаат законска надлежност.

— реклама —

„Секаде каде што имаме надлежност, ги расчистуваме ваквите критични точки. Најчесто станува збор за објекти кои со децении имаат проблем со нерасчистени имотно-правни односи. Ваквите стари и распаднати градби со текот на времето стануваат депонии, места каде што се собираат бездомници и животни. Но, секогаш кога законот ни дозволува, постапуваме веднаш и решително, бидејќи безбедноста на граѓаните, хигиената и чистата и здрава животна средина се врвен приоритет“, порача Герасимовски.

— реклама —

Од Општина Центар ги повикуваат граѓаните да ги пријавуваат ваквите локации за надлежните служби навреме да реагираат и да ги отстранат потенцијалните ризици по безбедноста, здравјето и хигиената.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања