Промени тема
Контакт

Отворен конзулат на Република Србија во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
IMG_20220723_110737-scaled-1

Со пригоден настан кој се одржа денеска, свечено беше отворен Почесениот Конзулат на Република Србија во Охрид. На отворањето на Конзулатот свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.

-Чувствувам посебно задоволство и чест што како градоначалник на Охрид сум присутен на овој свечен настан, а како охриѓанец сум особено горд, што нашиот град добива конзуларно претставништво на уште една значајна пријателска земја, а тоа е Република Србија.

— реклама —

Македонскиот и Српскиот народ имаат вековна поврзаност, која е втемелена на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Тоа особено се однесува на традиционалните партнерства во сите сфери на општественото живеење.

— реклама —

Од денес, со отворање на почесниот конзулат на Република Србија во Охрид, создаваме нови можности за градење уште поцврсти мостови на заедништво и зближување меѓу нашите граѓани. Се надевам дека тука ќе се родат многу нови идеи и иницијативи за остварување на стратешки интереси и унапредување на економската и стопанската размена, особено во делот на туристичките дејности.

Општина Охрид отсекогаш била дел од билатералните процеси помеѓу Македонија и Србија и одржува долгогодишно пријателство. Збратимени сме со градовите Крагуевац и Инџија, а имаме потпишано протоколи за соработка со Земун, Лесковац, Александровац и градската општина Медијана од Ниш. Се надевaм дека во наредниот период ќе воспоставиме официјална соработка и со други српски центри, со кои имаме заеднички интереси.

— реклама —

Во мое лично име и во името на граѓаните на Охрид, упатувам срдечни честитки до почесниот конзул Михајло Филев и му посакувам многу успех во извршувањето на доверената функција. Убеден сум дека со менаџерските способности и неговиот креативен потенцијал ќе оствари конкретни резултати и достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да го поддржи функционирањето на ова дипломатско претставништво и да даде придонес онаму каде што е потребно. Очекувам, во иднина да ги зачестиме нашите средби и да имаме плодна соработка, истакна градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Покрај грaдоначалникот Пецаков, на свеченоста присуствуваа Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, Вицеперемиерот на Македонската Влада задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, Министерот за правда, Никола Тупанчески, Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Српскиот амбасадор во нашата држава, Невена Јовановиќ, почесниот конзул во Охрид, Михајлов Филев, претставници на дипломатскиот кор и бројни гости од политичкиот и јавниот живот на двете држави.

Одлуката за отворање на свој Почесен Конзулат во Охрид, Република Србија ја донесе минатиот месец. Ова дипломатско претставништво ќе ги покрива општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа. Почесниот Конзулат е лоциран на улица „7-Ноември“ број 27 во непосредна близина на СВР Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања