Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Отворен нов мост меѓу БиХ и Хрватска по уривањето на мостот кај Градишка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-library1iibaofn5t6g1AUUkXn

По уривањето на дел од мостот на реката Сава кај граничниот премин Градишка, сообраќајот меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска привремено се пренасочува преку новоотворениот мост кај граничниот премин Горња Варош.

— реклама —

Новиот мост бил отворен синоќа околу 19 часот како итна мерка за намалување на метежот што се создаде по целосниот прекин на сообраќајот на преминот Градишка.

— реклама —

Станува збор за привремено решение кое ќе важи три месеци, а одлуката ја донело Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина, откако пред два дена се урнале пешачката патека и дел од заштитната ограда на мостот преку Сава.

— реклама —

Според хрватските медиуми, отворањето на мостот во Горња Варош претходно било одложувано поради административни процедури, но сега ќе служи како алтернативна рута додека трае санацијата на оштетениот мост.

— реклама —

Со оваа мерка се очекува да се намалат гужвите и застојот за патниците и превозниците, бидејќи преминот Градишка претставува една од најважните сообраќајни врски меѓу БиХ и Хрватска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0dab39acoj3a7tjJLSn

(Видео) Бура и снег создадоа хаос во Хрватска: А1 затворен, на А6 возила заглавени во снег

Балкан | пред 5 минути

— реклама —
evra

Просечната нето-плата во Загреб пораснала за 8,1 отсто за една година

Балкан | пред 1 час

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 3 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања