Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Отворен повик за субвенции за занаетчии во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryusvlue1t2qi40Eg8imp

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика занаетчиите да аплицираат на јавниот повик за субвенционирање на дефицитарните занаетчиски дејности, со цел да се зачуваат традиционалните занаети и да се поттикне нивниот понатамошен развој.

Тој истакна дека занаетите се значаен дел од културното наследство, традицијата и идентитетот на Скопје, нагласувајќи дека нивното опстојување е од заеднички интерес.

Право на учество имаат занаетчии со живеалиште во општините Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Шуто Оризари, кои ги исполнуваат условите наведени во јавниот повик и ќе ја достават целосната документација.

— реклама —

На повикот можат да се пријават и занаетчии кои во текот на оваа година не користеле финансиска поддршка од Град Скопје, како и лица регистрирани согласно Законот за занаетчиство, со важечка занаетчиска дозвола, кои вршат дејности што бележат континуирано намалување.

— реклама —

„Со оваа мерка даваме конкретна поддршка на луѓето кои со својот труд, знаење и посветеност ја чуваат автентичноста на Скопје. Да не дозволиме старите занаети да останат само спомен од минатото, туку да создадеме услови тие повторно да бидат ценети и привлечни за младите“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања