Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Отворен повик за „Три дена култура 2“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
svirka-poster-fb-1

— реклама —
Средношколскиот фестивал за уметност „Три дена култура“ повторно ги отвора вратите за сите средношколци кои сакаат да учествуваат со свој краток филм, кратка театарска претстава, со својот бенд или на дигитална изложба. Фестивалот служи како простор во кој најмладите уметници ќе можат да ги претстават своите нови идеи, сфаќања и размислувања за уметноста.

Првиот ден е младинскиот филмски фестивал на кој ќе се прикажуваат кратки филмови од средношколци и студенти, вториот ден се театарските перформанси на кој студентите и средношколците ќе можат да се претстават со своја кратка театарска претстава, а третиот ден е свирка на средношколски бендови и дигиталната изложба која вклучува ликовни дела и фотографии од средношколци.

— реклама —

„Три дена култура 2“ ќе се одржи на 7,8,9 март 2019 во СУГС „Никола Карев“ - Скопје.

— реклама —

На првото издание на Три дена култура кое се случи во февруари оваа година, учество земаа повеќе од 200 средношколци во сите категории, а настанот беше посетен со повеќе од 1000 гости за сите три дена. Второто издание на фестивалот е во организација на Art house Karev.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања