Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Отворен регионален ресурсен центар за слепи лица во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
resursen-centar-za-slepi-lica-bitola

Здружението на слепи лица, со поддршка на локалната самоуправа, УНДП и Министерството за труд и социјална политика, како и со помош на останати донатори, го добија првиот регионален Ресурсен центар за слепи лица.

— реклама —

„Овој ресурсен центар за лицата со оштетен вид треба да ги покрива општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци. За овој ресурсен центар, како би бил одржлив во следниот период, со одлука на советите на општините, ќе бидат издвоени 2% од средствата наменети за здруженија на граѓани, со што би се овозможило и во следниот период центарот за функционира без пречки, односно да може да врши инклузија на лицата кои што имаат попреченост во видот. Во изминатиот период Општина Битола ги спроведе сите активности кои што се однесуваат на услогласување на потребната документација и сите процеси поврзани со тоа да се добие овој простор, наменет за ресурсниот центар. На мое задоволство, ова е добар показател како може сите месни заедници да бидат ставени во функција на граѓаните“, рече градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

— реклама —

Регионалниот ресурсен центар е сместен во просториите на месната заедница Коле Лачето, а ќе биде ставен во функција на сите слепи и слабовидни лица од регионот.

— реклама —

„Три години молевме и тропавме на врати, еве најдовме на разбирање кај новата локална самоуправа, аплициравме и го добивме проектот од УНДП, зградата се реновираше, внатре имаме лап топи со говорна програма, има сензорен екран каде што се става книга и оној кој што е слабовиден ќе можат да читаат. Внатре има шах за слепи, домино за слепи,книги за слепи итн.Според евиденцијата на Здружението за слепи лица во Битола ги има над 200, од кои четири се мали деца и тие ќе можат да се дружат и да го поминуваат слободното време во овој центар“ изјави претседателот на Здружението за слепи лица Битола, Стево Костадиновски.

„Се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите останати општини во Република Македонија и за целокупното општество, за тоа како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на лицата со попреченост“, рече пратеникот Александар Кирацовски.

Претставникот од УСАИД Шпетим Љатифи ја нагласи потребата од заедничката соработка со здружението на слепи лица и изрази подготвеност за натамошна соработка и помош. Во Ресурсниот центар ќе можат да членуваат и други лица со инвалидитет, па заеднички просторот ќе им служи при реализација на нивните цели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања