Промени тема
Контакт

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

ОО
media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со поддршка  на Општина Охрид денеска во Касарната „Михајло Апостолски“ беше свечено отворен Спомен паркот посветен на хероите од Шестата Македонска бригада и Генералот Михајло Апостолскии.

— реклама —

На настанот присуствуваа Претседателите   на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста на Р. Македонија и од охридскиот огранок проф. д-р Темелко Ристески и  Добре Велјаноски, Претседателот  на Генерал штабот на АРМ, претставници од  АРМ и МВР, од Воената академија, претставници од дипломатскиот кор и градоначалници од неколку македонски градови.

Пред присутните се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.

— реклама —

– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сме домаќини на овој  настан после  кој важно катче  во Охрид   станува Спомен паркот посветен на хероите кои своите животи ги вградија во темелите на солободна и независна Македонија.  

Спомен паркот ќе биде одраз на нашата почит кон историските горостаси кои беа дел од Шестата македонска бригада   и  генерал Михајло Апостолски.  На овој начин ние  постојано, а не само еднаш годишно   ќе се потсетуваме на  случувањата од далечната  1992 година кога се формира Генералштабот, Шестата  пешадиска бригада, касарната го доби името на  Генерал Михајло Апостолски, а пристигна и првиот регрут во Охридскиот Гарнизон од АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. 

На ваков начин ја оддаваме нашата должн почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од претходните генерации треба како светост и  светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации,  а тоа е слободна  суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции.

Денес сме слободни и чекориме напред под сино слободно небо, го градиме и разубавуваме Охрид, создаваме подобри услови за нас и нашите деца кои својата иднина треба да ја живеат и градат во  нашата држава. Горди на она што сме и кои сме цврсто чекориме во нашата убава татковина не заборавајќи на храброста на борците и безбедносните структури кои се бессмртен пример за патриотизам и светол потсетник за цената на слободата- подвлече Крстеска.

— реклама —

Организатор на настанот беше Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

  • 1000050751

  • 1000050750

  • 1000050749

  • 1000050754

  • 1000050746

  • 1000050753

  • 1000050752

  • 1000050747

  • 1000050744

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања