Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Отворен телефон за донации за Сандра Ническа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
humanost

Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат нивната хуманост, овој пат за помош на 9-годишната Сандра Ническа.

На Сандра и’ е дијагностициран Миелодиспластичен синдром (MSD), група на малигни заболувања, кои го спречуваат созревањето на клетките на коскената срж, односно не дозволуваат овие клетки да се развијат во здрави.

— реклама —

Сандра се наоѓа во Yeditepe University Hospital, Педијатрискиот центар за трансплантација на матични клетки во Истанбул, Турција.

– На 26-ти април 2019 година и’ беше извршен зафат на трансплантација на коскена срцевина од донатор кој не е во крвно сродство, бидејќи тоа е единствениот лек за Миелодиспластичен синдром кај деца. Меѓутоа, по зафатот, Сандра разви стероидно зависна хронична болест калем-против-домаќин (graft versus disease GVHD) на долниот гастро интестинален тракт и на црниот дроб. Вообичаен третман за лекување е пресадување на коскена срж од сроден или несроден донор, зафат кој заедно со сите пропратни испитувања, третмани и престој на потесното семејство на клиниката, чинеше повеќе од 200.000 евра, обезбедени од сопствени средства, кредити, позајмици од роднини, пријатели и добронамерници. Третманот што ветува искоренување на GVHD синдромот ќе чини поеќе од 100.000 евра дополнителни средства, за кои немаме други опции да ги обезбедиме, апелираат од семејството.

— реклама —

Сите хумани и добронамерни луѓе кои се во можност да помогнат, истото можат да го сторат на следниот начин:

А1 143470

200002729851107 MKD

банка: Стопанска банка АД Скопје

SWIFT CODE:STOBMK2X

IBAN: MK07200002729853241 EUR

beneficiary: Lenche Nicheska

адреса: село Коњско, Охрид

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонот: ++0038978277256.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања