Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
marihuana

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

— реклама —

На 9 октомври, полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Осомничениот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Осомничениот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.

— реклама —

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања