Промени тема
Контакт

Отворена изложба за културното и природното наследство на Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
PROEKT_GRIGOR_22.05-5-scaled-1

Вчера во ООУ „Григор Прличев“ беше отворена изложбата на изработки „Гледај учи и пренеси…ТИ- чувару на културното и природно богатство на Охрид“.

— реклама —

Изложбата беше завршен настан на проектот „Watch and Learn“ што е дел од CIPSS програмата 2022-2023, а го реализира и имплементира тим од Секторот за ТЛЕР заедно со претставници од ООУ “Григор Прличев“.

За значењето на изложбата пред присутните зборуваше советничката во Советот на Општина Охрид, Ана Крстеска.

— реклама —

-Во денес изложените изработки е сконцентрирана суштината на проектот на кој сите вие вредно работевте повеќе месеци, а тоа е подигнување на свеста и значењето за приридното и културно наследство на регионот Охрид.

— реклама —

Знаејќи дека наследството на еден народ е преточено во неговата култура сосема е логично да кажеме дека културата е извор на неизмерна сила која на народите им помага да ги надминат препреките но и им дава волја да се соочат со новите предизвици. Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Република Македонија како земја која се грижи за своето минато, сегашност и иднина. Тука во Охрид е Музејот на Вода, куќата на Уранија стана научен центар на МАНУ во кој редовно се организираат научни симпозиуми и промоции. Во Охрид се наоѓа локалитетот на Манчевци , Св. Климентовиот Универзитет на Плаошник, Златната Одаја во куќата на Робевци и многу други места сведочат за нашето огромно природно и културно наследство.

Токму затоа сметам дека е прекрасно што Општина Охрид заедно со познати научно образовни институции од Шведска стана дел од проектот Watch and learn. Во име на градоначалникот Кирил Пецаков ви се заблагодарувам за овој значаен проект со кој се обезбедува стабилен и одржлив континуитет во зачувување, проучување и ревитализација на македонското природно и културно наследство- истакна Крстеска.

— реклама —

Претходно во рамки на проектот „Watch and learn“ беа одржани едукативни, тематски, интерактивни настани и работилници . Проектот се имплементираше и реализираше во соработка со генерација 2012-2013 година, заедно со Универзитетот Лунд ( LUCE) и „Валенберг“ Институтот од Шведска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања