„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Отворена изложбата „ Борба и страдање - полските граѓани за време на втората светска војна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
POLSKA_VOJANA_0309201901-877x900

Во организација на амбасадата на Република Полска во Република Северна Македонија, синоќа во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена изложбата „Борба и страдање-Полските граѓани за време на Втората светска војна“. На отворањето на изложбата, на кое присуствуваше и полскиот заменик- амбасадор Пиотр Висоцки, се обрати заменик- градоначалникот Ристо Николески.

— реклама —

– Со поставувањето на оваа изложба, кај сите нас навираат тажни мисли за милионските жртви и  уништените материјални добра, но оваа пригода треба да ја искористиме и да ја испратиме пораката- никогаш да не се повтори. Конфликтите да се решаваат на мирен начин и на луѓето да им се овозможи да живеат во мир и меѓусебно почитување.

Во Втората светска војна учестувале 61 држава со околу две милијарди луѓе, околу 115 милиони луѓе биле мобилизирани, од кои, околу 60 милиони загинале. Треба да потсетиме дека ужасите на војната ги почувствува и нашата држава и во антифашистичката војна која даде  свој придонес за завршување на оваа најстрашна трагедија на дваесеттиот век.

— реклама —

Морничавите фотографии треба да не потсетат да им ја оддадеме должната почит на сите кои ги дадоа животите за победата над фашизмот и младите генерации постојано да ги потсетуваме да го прават тоа. Треба да ги потсетуваме дека за слободата во која живееме се леела крв и дека таа е скапо платена со човечки животи- рече заменик-градоначалникот Ристо Николески.

Изложбата, посветена на 80- годишнината од почетокот на Втората светска војна, ја подготвија Министерството за надворешни работи  на Република Полска и Музејот на Втората светска војна  од Гдањск, а посетителите ќе можат да ја видат до 10. септември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања