Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
izlozba

Во Ресенскиот Сарај синоќа беше отворена изложбата „Економијата на Преспа низ вековите“ од Игор Ефтимовски, млад ресенчанец кој од неодамна е дипломиран археолог.

Во рамките на оваа изложба се претставени економските фази на развојот на Преспа во минатото, почнувајќи од земјоделството како основна дејност, уште од времето на неолитот пред 8000 години. Опишано е и сточарството, а голем акцент е ставен на рибарството како дејност со која населението се занимава од памтивек. Покрај автохтоните риби, опишани се и чуновите  кои специјално се ловело риба во ова езеро.

— реклама —

„Целта на изложбата е да се сврти вниманието на јавноста кон економските гранки што традиционално, што природно, во однос на живеењето на населението било одгледувано и работено во Преспа. Оваа изложба би сакал да ги инспирира луѓето денес да размислуваат што може да се работи, а може и да се отвори некоја нова компанија“, рече Ефтимовски.

На изложбата е опфатен и делот на производството на керамика во Преспанскиот регион, како важен сегмент од економијата во регионот, од што произлегува и ресенската керамичка колонија, како членка на меѓународната академија за керамика при УНЕСКО.

— реклама —

Дел од изложбата е посветена и на бојаџиството, металообработката и трговијата. Ќе бидат претставени и монетите кои што циркулирале на територијата на Преспа во минатото.

Ова е прва изложба од ваков вид во Преспа, која има огромно значење за историските показатели во развојот на економијата на оваа територија. Организатор на изложбата е Домот на културата „Драги Тозија“ Ресен.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања