Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Отворена изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин
foto-izlozba-2-scaled-1

Како дел од проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД“ на 22-ри декември 2023 година, во музејот „Куќа на Робевци“ ја отвори изложбата „Културното наследство во охридскиот регион“, која ќе биде достапна за рагледување до крајот на јануари 2024 година.

Изложбата има за цел да ја запознае јавноста со значењето на културното наследство во Охридскиот регион и да го зголеми степенот на промоција на истото.

— реклама —

Во текот на следните месеци, во рамки на проектот предвидено е одржување на едукативни работилници за ученици и студенти, како и изработка на дигитална брошура за локалитетот Самоилова Тврдина и QR код кој ќе се постави на информативната табла пред самиот локалитет.

Проекот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид”се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е кофинансиран од Општина Охрид.

— реклама —

ИЗЛОЖБАТА „КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН“ ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ЗА РАГЛЕДУВАЊЕ ДО КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ - Ohrid.gov.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања