Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Отворени понудите на фирмите кои сакаат да снабдуваат домаќинства со струја - објавени маржите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
struja-585x447-1

Во Владата на Република Северна Македонија, вчера од страна на стручна комисија, јавно беа отворени понудите по јавниот повик 09-12895/1 за доделување на договор за универзален снабдувач со електрична енергија објавен на 11.12.2023 година.

Согласно информациите на Комисијата, до објавениот рок пристигнати се понуди на три економски оператори, кои имаат понудено бруто маржи од: 11,4%, 11,4% и 11,45%.

— реклама —

Најпрво се отвори понудата со архивски број 09-663/1 од 11.01.2024 година, пристигната во 11:30 часот. Се констатира дека станува збор за група понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје - носител, и ЕВН Македонија АД Скопје - член на групата. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%.

— реклама —

Втора понуда која беше отворена со архивски број 09-663/2 од 12.01.2024 година, пристигната во 10:40 часот. Се констатира дека станува збор за ЕСМ продажба ДООЕЛ Скопје. Понудената бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,4%.

— реклама —

Третата понуда која беше отворена со архивски број 09-663/3 од 12.01.2024 година, пристигната во 14:10 часот. Се констатира дека станува збор за Група понудувачи ЕДС АД Скопје, ПАН ИНТЕРТРЕЈД ДОО Скопје. Понудена бруто маржа во оваа понуда изнесува 11,45%.

Според процедурата, после евалуацијата на економско-финансиската и на техничката способност на понудувачите, економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација ќе бидат поканети да учествуваат на негативно наддавање преку електронска аукција, пришто како почетна вредност ќе се земе најниската од понудените маржи на економските оператори чии понуди ги исполнуваат условите согласно критериумите наведени во тендерската документација.

Понудувачот кој на електронската аукција ќе понуди најниска маржа ќе биде поканет да го потпише Договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

При отворањето на понудите, присутни беа и овластени претставници на дел од економските оператори кои имаа доставено понуди, и истите немаа никакви забелешки за процесот на отворање на понудите.

Постапката треба да се заврши во рок од шест месеци од денот на објавувањето во Службен Весник на одлуката на Владата на Република Северна Македонија за отпочнување на постапката за избор на универзален снабдувач на електрична енергија, која е објавена на 20.10.2023 година. Комисијата ќе настојува да ја заврши евалуацијата во текот на наредната недела, по што ќе следи јавно наддавање кое би се случило до крајот на овој месец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања