Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица, неделниот лимит зголемен на 15.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 36 минути -

Македонија
media-libraryb0ujnhekgjp740RR6bz

Шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска се отворени и во Тетово и Струмица, покрај експозитурата во Битола, која работи од 6 ноември. Граѓаните кои немаат платежни картички на овие шалтери можат да подигнат до 20.000 денари.

— реклама —

Според информациите, исплатата на средствата во трите града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во Струмица на почетокот на работниот ден имало кратко доцнење поради логистичка организација, но исплатата продолжила според предвидената динамика.

— реклама —

Исплатите ќе продолжат и во наредните денови, со цел клиентите да имаат пристап до своите средства.

— реклама —

Дополнително, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигнување готовина и плаќања со платежните картички на Банката од 10.000 на 15.000 денари.

— реклама —

Од Народната банка информираат дека континуирано ја следат состојбата и ги приспособуваат мерките согласно развојот на настаните, при што приоритет останува непреченото опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylng55irhup809BUd80c

Мицкоски се согласува Обвинителството да отвори случај и да поведе истрага за Алта банка

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryog4u1s1nc70v744IKMK

Филипче бара истрага за Алта банка, Обвинителството порачува: Не постапуваме по политички барања

Македонија | пред 2 часа

media-libraryhpsupl533biv9ohL7JR

„Алта банка“ повторно го активираше мобилното и електронското банкарство

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhpsupl533biv9ohL7JR

Славески: Заинтересирани се две домашни банки за преземање на Алта банка Битола

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања