„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Отворени за сообраќај Велес-Катланово и Росоман-Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, со снег по коловозите.

— реклама —

На патниот правец Гостивар - Кичево преку преминот Стража има забрана за сообраќај на сите видови на товарни возила, без разлика на нивната маса. За патничките возила задолжителна е употреба на зимската опрема.

Патниот правец Велес - Катланово е отворен за сообраќај само за патнички моторни возила по една коловозна лента.

— реклама —

Патниот правец Росоман - Прилеп е отворен за сообраќај на патнички возила во двата правци.

Сообраќајот на патниот правец Демир Капија - Гевгелија е во прекин за сите видови на возила. Во спротивниот правец од Гевгелија кон Демир Капија сообраќајот е отворен.

Од 21:15 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Ресен - Охрид преку планинскиот премин Буково.

Од 21:00 часот на патниот правец Кичево-Охрид преку планискиот премин Пресека е воведена забраната за движење на тешки моторни возила.

Од 20:00 часот e воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод - Прилеп, преку планинскиот премин

Барбарос.

На патниот правец Крива Паланка – Деве Баир воведена е забрана за тешки товарни возила.

Од 18:40 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

Од 19.00 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Велес - Катланово.

Од 18:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

Од 18.30 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар - Струга.

Од 07:35 часот е воведена забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Забрани за тешки товарни возила има на патот Дебар - Маврови Анови..

На патниот правец Струга - г. п. Ќафасан (до с. Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината е ограничена на 40 км/ч.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања