Отворено новото детско игралиште во ЈУДГ „Кочо Рацин“ – објект Н.Н. Борче, проект на HIPP и Општина Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
MG_0835

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со Бобан Дамчевски, директор на Дамчевски ДООЕЛ Скопје , главни увозници на германските производи за бебиња HIPP, денеска го пуштија во употреба детското игралиште во објектот „Наум Наумовски Борче“ на центарската градинка „Кочо Рацин“.

— реклама —

Употребувани неколку генерации наназад, старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови и поквалитетни, со што децата од оваа градинка добија ново забавно, модерно, безбедно и интерактивно катче.

— реклама —

„Наша задача е да обезбедиме квалитетни услови за престој на децата во нашите градинки. Затоа, сакам да ја изразам мојата благодарност лично до господинот Бобан, но и до компанијата Дамчевски кои ја препознаа потребата на оваа градинка од ново игралиште и реагираа веднаш со конкретна идеја и проект. Ние ја поддржуваме нивната општествено одговорнаработа и еве, денес децата добија ново игралиште. Апелирам и до останатите компании и индивидуалци кои се во можност, да го следат примерот на Дамчевски и тие да придонесат кон подобрување на условите за престој и живот на децата, но и на сите жители во Општина Центар“, изјави градоначалникот Богдановиќ.

— реклама —

Старите реквизити се отстранети, извршена е темелна реконструкција и на 115 м2 поставен е нов гумен бехатон, мултифункционална детска куќичка, нова лулашка и две фигури. Материјалот и изведбата е донација на ЈУДГ „Кочо Рацин“ објект „Наум Наумовски Борче“, од компанијата Дамчевски ДООЕЛ Скопје.

„ Компанијата Дамчевски ДООЕЛ Скопје е општествено одговорна компанија и секогаш работиме за доброто на заедницата. Со оваа донација не застануваме во нашето дејствување. Со градоначалникот Богдановиќ разговараме за да се вклучиме во заеднички акции за добробит на сите жители на Центар “,изјави Дамчевски .

Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар ги замолуваат граѓаните совесно и одговорно да се однесуваат со опремата во ова, но и во другите детски игралишта кои се наоѓаат на територија на општината, разумно да ги користат и да не ги уништуваат куќичките, лулашките и останатите реквизити, бидејќи тие им припаѓаат на сите деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања