Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

„Ова е држава на лопови, дилери и к**ви“, пишува актерот Тасевски лут на функционерските плати и поскапувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
saso-tasevski

Актерот Сашо Тасевски смета дека треба да има протести низ улиците на Македонија, а да излезат сите незадоволни во број колку што имаше маратонци на скопскиот маратон. Потсетува дека само функционерите си ги покачуваат платите додека истовремено ги покачуваат цените на прехрамбените производи.

„На секое поскапување на храната они си ја покачуваат платата од 400 до 800 евра. Сладоледот бил штетен затоа го поскапеле. Тоа ни кажа црепон министер. И ние ќутиме. Маратонци! Каде сте кај отидовте! Ајде ПАК на улица. Свртете едно триста круга околу влада со транспаренти: Ова е држава на лопови, дилери и ку*ви! Да трчате маратон во знак на протест против лошата власт, а не од помодарство. Да трчате за оние кои нема да можат да им купат сладолед на своите деца. Тоа е цивилизациски чин, шминкерчиќи. Или ве врти колено! Или отечени ви се јајцата од трчањето?

— реклама —

Од маратонот де!“, напиша Тасевски.

— реклама —

— реклама —

Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година.

17012022_VRSM_1vaSednica-1

Платите на функционерите догодина ќе пораснат и до 400 евра

Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година, пишува Слободен печат.Иако сè уште не стивнува револтот во јавноста од неодамнешното енормно покачување на платите за избраните и именувани функционери, од 1 јануари следува ново изненадување – нивните месечни примања ќе бидат зголемени и до 40.000 денари бруто, односно 24.000 нето за највисоките функционерски плати!Платата на сите функционери несопирливо ќе расте со порастот на просечната плата, оти така е уредено со законот и веќе од јануари 2024 година тие како основица ќе ја имаат просечната исплатена плата по вработен за 2023 година, која се очекува да биде значително поголема од просечната бруто-плата за 2022 година. За споредба, просечната бруто-плата лани изнесувала 43.509 денари, во јануари годинава била 50.837 денари, а во веќе во јули 54.434 денари. Така, околу 2.000 функционери – министри, заменици-министри, пратеници, судии, градоначалници, раководители, советници и други избрани и именувани лица ќе земаат уште по најмалку 150 евра месечно, а најмногу по 400 евра месечно, во зависност од коефициентот на сложеност, а кој е од 2,2 до 4,5.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 6 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања