Швајцарија е прогласена за најдобра земја во светот според новата ранг-листа на US News, која ги оценува државите врз основа на повеќе критериуми поврзани со квалитетот на живот и развојот.
Во анализата биле опфатени 100 земји кои морале да исполнат одредени услови, меѓу кои пласман меѓу првите 125 држави според Индексот на човечки развој и бруто-домашниот производ.
Земјите биле оценувани во осум категории: здравство, граѓанска благосостојба, култура и туризам, економски развој, управување, инфраструктура, природна средина и можности.
Швајцарија го освои првото место со вкупен резултат од 78,8. Најдобро била оценета во категоријата управување, каде добила максимални поени за политичка стабилност, отсуство на политичко насилство и стабилна инфлација.
Второто место и припадна на Данска, а третото на Шведска. Во топ 5 се најдоа и Германија и Холандија.
Топ 10 листата ја сочинуваат:
Швајцарија
Данска
Шведска
Германија
Холандија
Норвешка
Велика Британија
Финска
Луксембург
Австрија
Целата листа можете да ја погледнете тука