Промени тема
Контакт

Ова е понудата на Путин за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-15-at-22.40.57

Рускиот претседател Владимир Путин, на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп на Алјаска, побара Украина да се повлече од регионот Донецк како услов за завршување на војната, пишува Financial Times, повикувајќи се на повеќе извори.

Според истите информации, Путин изјавил дека во замена за Донецк е подготвен да ја „замрзне“ линијата на фронтот на југ – во Херсонската и Запорожката област – и да се воздржи од нови офанзиви за освојување дополнителни територии.

Трамп ја пренел оваа порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на европските лидери во телефонски разговор, при што ги повикал да не инсистираат на класичен прекин на огнот со Москва.

— реклама —

Financial Times наведува дека Путин јасно ставил до знаење дека не се откажува од своите клучни барања за „решавање на корените на конфликтот“, што фактички би значело редефинирање на украинската државност и стопирање на натамошното проширување на НАТО кон исток.

— реклама —

Русија моментално контролира околу 70% од Донецката област, додека западниот дел – со повеќе градови – останува под украинска контрола и претставува клучна точка за одбраната на источниот фронт.

Извори блиски до Зеленски за британскиот весник изјавиле дека Украина нема да се согласи на предавање на Донецк, но Зеленски е подготвен за разговори со Трамп во Вашингтон во понеделник, а отворен е и за евентуален трилатерален состанок со Путин.

— реклама —

Ниту Белата куќа, ниту портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков засега не ги коментираа наводите на Financial Times.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања