Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ова е страшно: Државјанства со тројца сведоци поважни од минималните плати, албанската опзиција нема компас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-3

Координаторот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи вели дека ќе продолжат да ги блокираат сите закони во Собранието, вклучувајќи ги оние за петтиот пакет мерки за помош на економијата, сè додека не се донесе закон за државјанство. На денешната прес-конференција во Собранието, Реџепи тврдеше дека имале многу контакти со луѓе од бизнис фелата и тие наводно им кажале дека можат да издржат без плати, затоа што поважно било да се реши статусот на граѓаните без државјанство, објави СДК.МК.

— реклама —

„Вистина е дека на граѓаните им е доста битна помошта околу пандемиските случувања, меѓутоа власта знае дека има категорија на граѓани кои воопшто не ја користат таа помош и ние како албанска опозиција ја прифаќаме одговорноста дека ќе ги блокираме сите предлог закони додека не се донесе закон за државјанство. Имаме доста контакти со луѓе од бизнис фелата и луѓето целосно ни даваат поддршка, иако се во тешка економско-социјална состојба. Тие велат кратко: може да истраеме месец дена без плати. Но, затоа сакаат да дадат придонес за граѓаните кои вооопшто немаат државјанство“, изјави Реџепи.

Текстот во целост на: СДК.МК.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања