Промени тема
Контакт

„Ова е уште една голема брука за Собранието“, вели Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Milososki-27.06

Комисијата за европски прашања под раководство на пратеникот Арбр Адеми се престори во комисија за Див Запад. За жал морам тоа да го констатирам, бидејќи како претседател на комисијата не ги почитува ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста, вели Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме пред да биде усвоен, измени и дополнувања на Дневниот ред.

— реклама —

Ние имавме конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавме да ги предложиме во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и се уште се актуелни.

— реклама —

Веројатно тоа не се вклопување во неговото сценарио кога треба да почне, кога треба да заврши и кој смее и кој не смее да добие збор и гледаме дека се направи поголема тензија кадешто претседателот на комисијата почна освен со вербални напади да фрла и со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собранискиот инвентар и да употребува разни вулгарности кон нашите колеги и колешки, што не му доликува на ниеден човек, најмалку на претседател на комисија за европски прашања.

— реклама —

Сметам дека ова е уште една голема брука за Собранието, но го покажува раководењето од страна на ДУИ и СДСМ и гледаме како нивни поединци се однесуваат самоволно“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања