Професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ги политичките случувања во Македонија, вели дека новите министри не прават техничка влада, туку обична спрдачина. Таа замерува на тоа што изминатите денови, дел од министрите и нивните заменици преку прес-конференции се обвинуваа меѓусебно, а потоа демантираа.
„Ова не е техничка влада туку обична спрдачина. Која глупост бре да направиш влада која треба да обезбеди демократски и фер избори, а тие како баздригани да почнат од првиот ден да се плукаат, да се клоцаат под маса, да си дофрлуваат навреди и да се омаловажуваат. Се срамам бре од државата во која живеам која не може да направи сериозна техничка влада. Се срамам бре од инфантилците кои треба божем да ја водат државата. Се срамам од нивниот срам кој очигледно немаат капацитет да го почуствуваат. Ма ова е толку ниско и примитивно што треба да се забрани за деца под 18 години“, напиша Најчевска.
https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10217380326154963