Оваа година на некој начин беше година на американскиот претседател Доналд Трамп кој во своето обраќање во Обединетите нации во септември изјави дека времето на глобализацијата и е зад нас и дека доаѓа време на патриотизмот.
Во изминатата година Трамп ги подобри односите со Северна Кореа, исто така имаше разговор со рускиот претседател Владимир Путин, со Кина водеше трговска војна, стоеше на страната на Саудијците и против Иран.
Во април се одржа самитот каде учествуваа Ким и јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин, а во јуни се одржа првиот состанок помеѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер во Сингапур.
„Спремни сме да напишеме ново поглавје помеѓу нашите нации“, изјави Трамп.
Во јули претседателот Трамп се сретна со Владимир Путин во Хелсинки, а неговиот одговор во врска со руското мешање во американските избори предизвика лавина реакции.
„Ми рече дека тоа не е Русија, а јас би рекол дека нема причина зошто би била“, изјави Трамп. Следниот ден тој изјави дека лошо се изразил.
Стравот од глобалната трговска војна го поттикна Трамп да воведе царини на кинескиот челик и алуминиум, но тоа допринесе и до воведување на царини во Канада, Мексико и Европската унија.
Трамп исто така се повлече од Нуклеарниот договор со Иран.
Светските лидери се собраа во Париз во ноември да ја обележат годишнината од крајот на Првата светска војна.
Во Европа, Ангела Меркел ја прогласи својата наследничка, а четвртиот мандат ќе биде нејзин последен како Германска канцеларка.
Британската премиерка Тереза Меј во меѓувреме продолжи да плови низ предизвиците кои ги носи Брегзитот.
„Нема подобар договор од овој. Се планира излегување од Европаската унија на 29 март 2019“, изјави Меј.
Светот во јуни и јули го следеше Светското првентво во фудбал. Победи тимот на Франција.
Младите фудбалери од Тајланд беа ударна вест. После две недели 12 момчиња и тренерот беа спасени од потопената пештера.
Најголемата трагедија во 2018 година ја донесе земјотресот и цунамито кои ја погодија Индонезија и однесоа повеќе од 2.100 животи.
Војната во Сирија продолжи, но поголемиот дел од земјата беше ослободен. Трамп нареди повлекување на војската од Сирија.
Во Јемен, повеќе од 20 милиони луѓе немаа храна, вода и лекови. Обединетите нации ова го прогласија за најголема хуманитарна криза во светот.
Мистериозното убиство на саудискиот новинар , Џемал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври предизвика глобални проблеми.






