Оваа држава е направена за да им одговара на политичарите, криминалците, мафијашите, подлизурковците…, не е ниту сантиметар за граѓаните, вели Трајкоска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
89568009_10157296335376314_8796488683185242112_o-960x960-1

Оваа држава е направена и скроена за да им одговара на газдите на кафаните, коцкарниците, такозвани градежни инвеститори, новокомпонованите претприемачи на насади со марихуана (за лекување де), политичарите и нивните семејства што жени, што мажи и нивните дребни дечиња, за лидерите на партии, квазинародните парламентарни избраници и нивните тетки и чичковци, и секако, за криминалците, мафијашите и ситните измамници. Почесно место на долниот дел од оваа скала им припаѓа на подлизурковците и извршителите, вели Жанета Трајкоска во својата објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Оваа земја не е ниту еден сантиметар искроена за граѓаните и никако не им служи нив. Граѓаните се жртви на својот глас на избори и на стресот што го “уживаат” секој ден оти угоре е високо, а удолу е длабоко.

— реклама —

За мафијашите и кафанџиите не може да се даде пријавата за казна, оти се недостапни. Пајаците не ги гледаат големите коли паркирани на сред улица, инспекциите не слушаат, не гледаат, не реагираат на ништо. Никој за ништо не е надлежен, а најмалце државата е надлежна за државните работи. Најлесно е да се прогласиш за ненадлежен, освен кога се работи за платата на политичарите – е тогаш е надлежна и може 78 % покачување на плата, ама за медицинските сестри не баш до толку, за култура никако, за образование и полиција само во трагови, да не им се слоши од многу пари.

— реклама —

И додека тонеме во катарза на хаос и бес, секој ден имаме по уште едно убиство, исчезнување, тепачка, прегазени луѓе на пешачки, пукање, нерешени мистерии и застарени судски случаи.

И шо рековте ЕУ, тра лала, реформи тралала, ние сме лидери во регионот бла ла ла. Не ве слушам од драњето од кафани и од клубовите. Таму, во зачадените одаи што смрдат на цигари, евтина храна и алкохол, но најмногу на сиромаштија и очај, таму сте најглавни, тоа навистина ви верувам.

Туку си мислам, можеме ние и подолу“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања