Граѓаните оваа недела ќе имаат само три работни дена, бидејќи 29 мај, петок, е неработен ден по повод Духовден, што носи уште еден продолжен викенд.
До крајот на 2026 година остануваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.
За сите граѓани на Македонија неработни ќе бидат:
3 август (понеделник) – Ден на Републиката, бидејќи 2 август паѓа во недела
8 септември (вторник) – Ден на независноста
12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание, бидејќи 11 октомври е во недела
23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски
За граѓаните од православна вероисповед дополнителен неработен ден ќе биде:
28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица
За граѓаните од католичка вероисповед:
1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ