„Оваа влада ако потрае до есен, мислам дека нè чека катаклизма, Вучиќ смирува дека има храна, ние корења ќе јадеме“, вели Јоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
kovacevski-vucic

Јорданка Ивановска-Јоци, политиколог и новинар, ја искоментира актуелната политичка ситуација во земјава. Таа вели: „Оваа влада ако потрае до есен, мислам дека нè чека катаклизма“.

— реклама —

„Во неа има ликови кои немаат поим од економија и што е најстрашно - абер немаат дека сме влезени во спирала на ценовни шокови кои допрва ќе ескалираат! Прашање е и колку цената на струјата ќе се покачи до есен. За храната знаеме - дека цените нема да сопрат да се качуваат. Пола држава, претпоставувам, не ни прочитала за доаѓањето на ММФ, а другата половина веќе заборавила дека парното едвај го истуркаа да работи уште месец дена до април.

— реклама —

Следната сезона еве не знам што ќе прават. Ќе ви речат да се греете со јамболии. Вучиќ денеска предупреди дека поради енергетската и индустриската криза, како и инфлацијата, нè чека тешка зима каква немало во последни 50 години. (обраќајќи се на Србите). Секако, како што е и насловот, ги смирил дека храна ќе имаат. Ние ќе јадеме корења, претпоставувам“, вели таа.

— реклама —

„На нас нема кој да ни се обрати! Ние имаме лик викан Таќе, чиј центар за комуникации, нè убедува дека сме блескале на секој можен план⁉️ Вучиќ меѓудругото ги информирал граѓаните дека една Германија веќе се подготвува за страшната зима! Нашиот народ, од друга страна, ги спрема пераите и уплаќа аранжани и ќе спиќка околу 2000 јура во грчки-мрчки, пошто пола народ стварно верува дека власта знае што прави. Сите уште си прават смешки од зејтинот...оној од Србија увезен. Ќе видам во октомври колку ќе им биде смешно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања