Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Овој народ сега, иде по своето, нема да го заплашат вашите закани за војна, меѓуетнички тензии, ниту пендреци“, вели Јованов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-05-202739

Сопругата на Димитар Апасиев и професорка, Тамара Јованов на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека од осамостојувањето до денес на државава како што вели и се изнаредија редици неизживеани алчни, ситнодушни, превртливи и продадени луѓе на клучните позиции.

Објавата ви ја пренесуваме во целост

Како дојдовме дотука?

Од осамостојувањето, до денес, на народов и државава и'се изнаредија редици неизживеани, алчни, ситнодушни, превртливи и продадени луѓе на клучните позиции.

Дел во наследство од дедовци и татковци (непотизам), дел со превари и лажги, дел сместени и тренирани од Дивиот Запад!

Што добивме од нив?

1. Не' испокрадоа со криминална приватизација и не'почастија со робовски капитализам!

— реклама —

2. Ни ги опустошија сите услови за живот - образование, здравство, судство!

3. Ни ги испокрадоа народните пари преку наместени тендери, кроење закони за нивни милионски бизниси и неразумно трошење!

4. Ни направија војна во 2001ва, ни испоубија народ и на крај го шитнаа под воз кој до денес не запира со окупаторски и грабаторски претензии!

5. Создадоа мизерија и несреќа по кои сме број 1 во светот и заради кои народот мора да се дрогира со дијазепами за да ја поднесе реалноста!

6. Ги окупираа институциите, ги направија партиски дувла на неспособни послушници и извршители и ги претворија во бирократски лавиринти во кои секојдневно сите се губиме, за да никогаш не куртулиме од ситните проблемчиња кои вечно ќе ни одвлекуваат внимание од нивниот криминал!

7. Со ситна корупција и поткупи, го присвоија и извалкаа секој обид за отпор, за да изгубиме надеж дека нешто, некогаш може да се промени!

8. Го шитнаа името и идентитетот вековен, ко да им е своина од мајка им; ко лубеница на пазар во Горњи Милановац!

— реклама —

9. Заради таквите, сега цел свет ни се смее и не жали едновремено, ко да сме некој проколнат народ осуден на пропаст!!!

10. Се закануваат постојано со немири и војна, ко да сме некои кукавици, кои запоседнале туѓо гнездо, а не народ, на своја територија, за која дал живот, крв и месо!!!

11. Дома сакаат да се плашиме и да си гледаме преку рамо; дома да немаме раат од непријатели!?

12. Не затвараа по дома, додека едновремено не'пуштија да умираме ко кучиња оти немаме пари за лекување во приватните им болници во пандемијата, за притоа дупло да ги зголемат трошоците за сопствениот погреб!!!

13. Сега сакаат да го распродадат и она малку што ни остана, за да се чувствуваме ко свои на своето - јазикот, историјата, правото да бидеме она што сме - Македонци!

14. Сакаат таквите, душата да им ја дадеме, за да можат да прикажат пред своите господари од странство дека биле добри вазалчиња и добро одработиле; дека заслужуваат да ја држат власта, без бирање на методи и без оглед на последиците по народот!

— реклама —

...

Едно нешто заборавате!!!

Овој народ е толерантен и кроток, ама не е ОДРОДЕН!

Овој народ ви го даде материјалното, ама НЕМА да ви ја даде душата!

Овој народ сега ќе бара се'да му вратите!

Овој народ сега ќе бара цената да си ја платите!

Овој народ сега, иде по своето!

— реклама —

И нема да го заплашат вашите закани за војна, меѓуетнички тензии, вашите платеници меѓу полицијата, ниту нивните пендреци!!!

Нож до коска, другари.

Нож до коска е дојден.

Престанете со силување или трпете ги последиците.

Сега вам ви е редот!

Секоја власт е менлива, само народот е вечен!

Македонија слободна, СЛОБОДНО ЖИВЕЕ!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања