Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ, за денес да штитат поединци и моќници блиски до нив“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryd2s8jpmr55prdeOSNW0

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека недовербата во правосудниот систем е последица на, како што тврдат од партијата, долгогодишна партизација на институциите од страна на СДС и ДУИ.

— реклама —

Од партијата велат дека во правосудството биле поставувани кадри блиски до овие политички структури, кои денес, според нив, ги штитат интересите на поединци и политички моќници поврзани со СДС и ДУИ.

Како примери ги посочуваат Весна Дамева, за која тврдат дека била член на партиска комисија на СДС, Добрила Кацарска, која како судија го водеше случајот за 27 април, Наќе Георгиев, кој во периодот на владеењето на СДС напредувал до Врховниот суд, како и Вилма Русковска, која го застапуваше обвинението за случајот „27 април“.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува поранешната власт и за политичко влијание врз правосудството, наведувајќи го како пример и неодамнешното затворање на истрагата за модуларните болници, со што, според партијата, бил избегнат кривичен прогон на Венко Филипче.

— реклама —

„Ова е класична партизација и инсталација на подобни кадри во правосудството, кои наместо во интерес на правдата и граѓаните, работат за да ги заштитат интересите на СДС и ДУИ“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека, според нив, токму примерите што ги посочуваат покажуваат дека политичкото влијание врз правосудството има конкретни лица и позиции.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ повика да се стави крај на, како што го нарекува, правосудство предводено од СДС и ДУИ и порача дека законот треба еднакво да важи за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eurostandard

Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ по нападите од СДСМ

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library1v3692qk4s216CY2tE6

Караница меѓу владините партнери? ВМРО-ДПМНЕ го обвини ВЛЕН дека работел во корист на ДУИ во Брвеница

Македонија | пред 16 часа

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања