Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Овој викенд очекувајте силен јужен ветер, а потоа и валкан дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

„Под влијание на циклон со центар над Џенова, за време на овој викенд ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час)“, најавува метео-прогнозерот Славчо Поповски и додава:

„Облачноста ќе се зголемува и во текот на оваа ноќ најпрвин во западните предели, а утре во најголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.

— реклама —

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно стриење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.

Исто така Биометеото ќе биде многу неповолно, што значи дека кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

— реклама —

Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре ќе има врнежи од дожд кој повремено ќе бидат пообилни.

— реклама —

Што се однесува до температурите, тие остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени. Опаѓање на истите се очекува во текот на следната седмица, но и понатаму ќе бидеме далеку од она вистинско зимско време како што си личи за овој период од годината“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања