Промени тема
Контакт

Охрид без долгови и со нови проекти – изградени училиште и спортска сала, започната постапка за катна гаража и пречистителна станица, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
pecakov

Од општина заглавена во милионски долгови со блокирана сметка, Охрид за четири години прерасна во град на развој и просперитет, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Со наследен долг од 14,5 милиони евра, локалната власт предводена од оваа партија, според нивните податоци, целосно ја раздолжила општината. Ова, како што велат, овозможило реализација и започнување на низа инфраструктурни проекти кои го менуваат ликот на градот.

— реклама —

По повеќегодишни ветувања, во Охрид конечно е започната постапка за изградба на катна гаража која треба да го намали сообраќајниот метеж. За првпат по половина век е изградено ново училиште со современи услови за учениците, а во Лескоец е пуштена во употреба нова спортска сала.

— реклама —

Инвестиции се насочени и кон заштитата на животната средина. Во Трпејца е подготвен проект за изградба на пречистителна станица со примарна и секундарна канализациска мрежа, а отпадната вода преку пумпа ќе се носи до станицата и ќе се испушта како техничка вода од прва класа во езерото. Слична станица е планирана и за Љубаништа, со што речиси целото крајбрежје ќе биде покриено.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека во изминатите четири години се инвестирало во сите области на општествениот живот и дека секое населено место во општината добило подеднакво внимание.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања