Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Охрид добитик на престижната награда „Општинa пријател на младите"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
ohrid11

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на конференцијата „ Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје.

— реклама —

Во рамки на настанот Божиноски ја прими престижната награда „Општина пријател на Младите“ што Општина Охрид ја доби како признание за исклучителните иницијативи и политики спроведени за поддршка и зајакнување на младите во заедницата.

— реклама —

На конференцијата Божиноски ја истакна важечката улога на младите во општеството.

– Иднината на една општина, на една држава е во младите генерации. Младите се движечката сила и иднината на татковината, тие се носители на идеи , иновации, позитивни промени и се значаен ресурс за напредок и развој. Младинските политики играат важна улога во развојот и напредокот на локалната заедница. Младите се клучот за силен напредок и светла иднина на Македонија– рече Божиноски осврнувајќи се на младинските политики што ги води Општина Охрид.

— реклама —

– Општина Охрид има успешна реачизација не само на обврските согласно Законот за младинско учество, туку оди и едно скалило погоре , во насока на реализирање конкретни мерки и проекти за подобар статус на младите. Особено сме горди на отворањето на Младинскиот Центар, формирањето на Локален совет на млади и Локално младинско собрание, а изготвена е и Локална Стратегија за млади 2021- 2026 година. Отворањето на Младинскиот центар во Охрид, беше сложен процес на кој бевме особено посветени предводени од градоначалникот Кирил Пецаков, Советот на општината и Одделението за млади и невладини организации. Горди сме што успеавме да ги реализираме сите предвидени активности- подвлече Божиноски.

— реклама —

Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Заедници инклузивни за млади“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Националниот младински совет на Македонија во партнерство со Фондацијата за развој на локалната задница Штип, Платформата за зајакнување на младите од Гостивар и Здружението за одржлив развој СФЕРА Интернешнал од Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања