Промени тема
Контакт

Охрид домаќин на јубилејните 40-ти државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
EMUC_04052023003

Вкупно 98 ученици ќе бидат дел од јубилејните 40-ти Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишта кои ќе се одржуваат денеска и утре во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Натпреварите на кои учествуваат 17 државни училишта се организираат под покровителство на Општина Охрид.

На свеченото отворање на настанот, пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

— реклама —

– Ми претставува голема чест, во мое лично име и во името на Општина Охрид да ве поздравам и да посакам успешна реализација на овогодинешните Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училиштa кои се одржуваат по 40-ти пат.

Горди сме што токму Охрид и нашиот Општинскиот електромашински училишен центар „Свети Наум Охридски“ се домаќини на ова јубилејно издание. Ваквите настани се од исклучителна важност за продлабочување на соработката помеѓу училиштата и размена на искуства помеѓу учениците.

— реклама —

Ова училиште е еден од позитивните примери, каде што веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Со тоа на компаниите им се обезбедуваат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците имаат можност да бидат обучувани директно во компаниите и во реални работни околности.

— реклама —

Токму затоа локалната самоуправа, во текот на изминатиот период реализираше низа инвестиции во објектите на училиштето, со што значително ги подобривме условите за настава. Ваквите инвестиции континуирано ќе продолжат и во иднина, не само во ова училиште, туку и во сите основни и средни училишта во нашата општина.

Напредокот на општините во современи услови не може да се замисли без локален економски развој, а успешното реализирање на овој концепт подразбира создавање поволна клима за деловни активности и инвестирање. Еден од најважните предуслови за развој на индустријата и бизнисот секако е квалификуван и стручен кадар, кој ќе може продуктивно да одговори на потребите на пазарот за работна сила. Можностите за вработување, добрите и платени работни места се основниот предуслов за младите луѓе да можат да ја гледаат својата иднина тука, во родните места, со што значително би се сопрел процесот на иселување.

— реклама —

Поради тоа сите заедно ќе мораме да продолжиме да се залагаме и да работиме за осовременување на образовниот процес и да ја поддржуваме секоја напредна новина во рамки на наставните програми, истакна Пецаков во своето обраќање.

Натпреварите ќе се одвиваат во различни образовни профили од електротехничките, машинските и сообраќајните струки, а паралелно ќе се одржи и натпревар во трудови каде учениците ќе ги презентираат свои проекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања