Промени тема
Контакт

Охрид домаќин на меѓународен фолклорен фестивал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
MFF_210423003

Доцна попладнево на платото пред ЦК „Григор Прличев“ во Охрид започна меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски фестивалски денови во Охрид“. На фестивалот учествуваат 6 фолклорни ансамбли од Македонија, Србија, Грција и Бугарија со 200 учесници.

На отворањето на настанот се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.

— реклама —
— реклама —

– Задоволство и чест е да се присуствува на отворањето на меѓународниот фестивал „Велигденски фестивалски денови во Охрид“ што се одржува седма година по ред во нашиов град една недела по големиот христијански празник Велигден. Најдобрите амбасадори на културата од шест фолклорни ансамбли од Македонија, Србија , Грција и Бугарија денес и во текот на следните денови ќе го оживеат Охрид, а со тоа ќе го најават богатото културно лето што е пред нас. Преку универзалниот јазик на орото и песната овој фестивал рефлектира мир помеѓу народите, ги искоренува баналните предрасуди и прави да сфатиме дека уметноста нема граници, не познава национални политики и недоразбирања. Јазикот на музиката и танцот е разбирлив на сите континенти. Целта на ваквите случувања е да се зачува и збогати нашето фолкорно наследство, како и летната културна понуда на Охрид. Низ разновидни песни, игри и обичаи, се гради мост на пријателства помеѓу земјите и народите, а истовремено се оживува минатото, поврзувајќи не со сегашноста.На организаторот на овој голем културен настан, Здружението „Мултикултурна интернационална организација за фолклорни фестивали“ –МИОФФ, му се заблагодарувам што ни ја донесе оваа убавина во градов. На учесниците им посакувам успешно фестивалско претставување. Секако посакувам да успеете да ги доловите убавините на древниот Охрид, колевката на словенската писменост и култура. Да посетите барем една од 365-те цркви колку што ги има во градов. Одете на Самуиловите тврдини и вратете го времето на царска Македонија или посетете го античкиот театар, куќата на Робевци и Уранија или галеријата на икони. Прошетајте на охридската ривиера или напијте се кафе крај езерските води. И секако живи и здрави повторно дојдете ни кај нас– рече Божиноски.

— реклама —

Организатор на настанот е Здружението „Мултикултурна интернационална организација за фолклорни фестивали“ МИОФФ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања