„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Охрид домаќин на меѓународен турнир во шах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Sah_1010201902-900x675

Синоќа во Охрид свечено беше отворен  меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.

— реклама —

Турнирот за отворен го прогласи советникот од Советот на Општина Охрид, Мишел Силјаноски.

-Огромно е задоволството да се присуствува  на отворањето на  четвртиот меѓународен   Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“  на кој учествуваат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија.Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува тоа.Поставување цели, идентификување алтернатива и последици се составен дел на играта.Преместувајќи ги фигурите кога играте шах морате да донесете одлуки и решите проблем. Морате да ги контролирате своите импулси и да поставите краткорочни и долгорочни цели  како би имале предност и  би биле победници  во игрaта.  А токму таква младина му е потребна на ова општество, младина која  поставува цели и донесува одлуки во насока на подобар и побрз општествен развој. Прогласувајќи го овој турнир во шах за отворен  им  посакувам успех во играта на сите учесници со желба да победи најдобриот и  најсреќниот  затоа што во фер игра сите се добри и квалитетни. Секако на учесниците од неколкуте Балкански земји им посакувам пријатен престој во Охрид со желба да ги доловат убавините на Охрид  кои  повторно ќе ги враќаат кај нас- истакна Силјаноски.

— реклама —

Организатор на настанот е  Шаховскиот Клуб ЛАСКЕР со поддршка на Општина Охрид, Шаховската Федерација на Македонија и неколку компании од бизнис секторот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања