Промени тема
Контакт

Охрид домаќин на Саемот за Наука и култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Saem_obrazovanie_12052023006

Денеска во Касарна ХАБ во Охрид беше отворен Саемот за Наука и култура што годинава се организира за прв пат.

Пред присутните се обрати заменик градоначалникот, Перчо Божиноски.

— реклама —

Ми причинува особено задоволство што сум меѓу Вас на отворањето на Саемот за образование и Кариера што во организација на Младинскиот Центар денес се одржува во Охрид.

На саемот ќе учествуваат средните училишта од Охрид и две од Струга кои ќе ги промовираат наставните програми и можности пред полуматурантите, а факултетите за Туризам и угостителство и “Св. Апостол и Павле“ како и дел од факултетите на УКИМ ќе ги презентираат своите програми пред средношколците. Со организирање на вакви саеми, убеден сум дека учениците имаат дополнителна мотивација, покрај совладувањето на редовните наставни програми, да го развиваат чувството за кариера.

— реклама —

Драги ученици и идни студенти

Денешново случување е посветено токму за вас, продолжете го својот пат во онаа образовна институција која вас најмногу ви одговара. Онаа во која ќе знаете дека ќе го дадете својот максимум за лично добро но и напредок на општеството.

— реклама —

Овде во Охрид и Македонија вие ќе ја исцртате својата судбина и изградите својата иднина. Сите вие ќе се соочите со полесни или потешки предизвици. Но тоа не значи дека треба да се откажете од своите соништа. Напротив, треба вредно да учите и да си обезбедите подобра иднина за себе во оваа земја.

Секако Ви посакувам да ви се остварат соништата , да уживате во убавината на младоста и со упорна работа да станете врвни професионалци. Посакувам од овој настан да понесете убави впечатоци кои ќе ви помогнат во изборот на вашето идно образование и образовна институција.

— реклама —

На Младинскиот центар од Охрид му благодарам за одличната организација на настанот со желба истиот да добие традиционален карактер, а ние како Локална власт секогаш ќе поддржуваме вакви случувања– рече Божиноски.

Организатор на настанот е Младинскиот центар од Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања