Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Охрид домаќин на шаховскиот турнир „Езерски бисери 2024“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
Sahovski_turnir_05022024005

Во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со поддршка на Општина Охрид вчера во ООУ „Братство Единство“се третиот рапид турнир во шах „Езерски бисери 2024”. На турнирот зедоа учество 81 напреварувач од Република Македонија и истиот се одвиваше по Швајцарски систем во 9 кола.

— реклама —

На свеченото отворање на турнирот во името на Локалната самоуправа свое обраќање имаше советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.

— реклама —
– Ми претставува голема чест што сум денеска тука и што имам можност да ве поздравам во мое лично име и во името на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Овогодинешната бројка на пријавени учесници значи дека овој шаховски турнир полека но сигрно прераснува во една важна манифестација, која го позиционира Охрид помеѓу шаховските центри во нашата држава и во регионот.

Шахот е еден вид на хармонија помеѓу талентот и интелектот, каде што секој потег на таблата е еден чекор кон победа, а секоја нова победа чекор кон врвно мајсторство. Горди сме на сите млади таленти и успешни шахисти кои освојуваат бројни награди и од кои очекуваме уште поголеми успеси во иднина.

Упатувам искрени честитки и благодарност до организаторите на овој турнир со надеж дека оваа традиција ќе продолжи во континуитет и во иднина ќе може да бидеме домаќини на вакви случувања. Општина Охрид како и до сега, ќе продолжи да ги поддржува спортските настани и да ги стимулира младите теленти, истакна Јамандиев во своето обраќање.

— реклама —

Првото место на турнирот му припадна на Дејан Ѓорѓиески, второпласиран беше Маријан Дамчески, а на третата позиција беше рангиран Кире Николоски. Тројцата наградени натпреварувачи се од Шаховскиот клуб „Пелагон“ од Прилеп. На четвртата позиција на турнирот беше позициониран Стојан Велкоски од Шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје, а на петтото место, Ахмет Салмани од Шаховскиот клуб „Гостивар“ од Гостивар.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања