Промени тема
Контакт

Охрид домаќин на Студентската конференција – Охрид 2024

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Studenska_konferencija_170324010

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски присуствуваше на отворањето на Студентската конференција – Охрид 2024 што ја организира Универзитетското студентско собрание при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а со поддршка на Општина Охрид.

Во своето поздравно обраќање пред присутните, Божиноски истакна:

– Огромно е задоволството да се биде домаќин на дводневната студентска конференција на кој што главната улога ја имаат студентите, движечката сила на општеството. Овој интердисциплинарен настан е наменет за вмрежување на учесниците, откривање на нови можности, соработка и знаења.

Конференцијата е потсетување дека професорите, семејството, креаторите на политики на национално и локално ниво треба да го направат максимумот за да овозможат оваа младешка енергија да се канализира, да се насочува и да се искористи на најдобар можен начин, за општо добро на студентите, на локалната средина, меѓутоа и централната, и во крајна инстанца, за доброто на земјата воопшто.

— реклама —

Од фокусот на вниманието никогаш не смее да исчезнат студентските барања секако доколку се за општ развој и добро на сите нас.

Вие драги студентите сте главните креатори и чинители на општествените промени. Ако вие верувате дека можете да ја направите промената што ќе ја посакате тоа и ќе се случи. Од секогаш Вие сте биле најважната алка во општсеството кое останува на вас. Секој студентски протест, митинг, движење оставал белег и се вмрежувал во општествениот систем.

— реклама —

За растот на секоја држава е неопходно луѓето да бидат заинтересирани, да бидат информирани и да бидат активни во врска со општествените прашања. Студентите се особено важна група која може да биде клучен катализатор на општествени промени.

Затоа и настани од ваков тип секогаш ќе бидат поддржувани од наша страна.

— реклама —

Ви посакувам успешен работен дел на вашиот дводневен собир. Донесете заклучоци кои ќе обезбедат долгорочен напредок на студентската заедница и општеството воопшто. Слободното време искористете го за да прошетка низ убавините на нашиот Охрид. Нурнете во неговото минато, прошетајте низ царска Македонија посетувајќи ги Самуиловите тврдини, па потоа слезете на Античкиот театар или вратете се во уште подамнешно време посетувајќи ја наколната населба кај Градиште. Секако посетете барем дел од бројните цркви и манастири кои ги има речиси на секој агол во старото градско јадро. Дишете чист воздух крај езерскиот брег, а во вечерните часови посетете некој од бројните локали долж ривиерава- рече заменик градоначалникот Божиноски.

Конференцијата завршува утре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања