Промени тема
Контакт

Охрид го чествува Живко Чинго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
thumbs_ZIvko_Cingo_20220813002

Во родното место на великанот Чинго, во атарот на манастирот Св. Петка, вечерва, се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Во рамки на одбележувањето беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката Анита Велкоска – ОДА за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Почитувано семејство на Живко Чинго, дами и господа, драги Велгоштани,

— реклама —

Од година во година иста или слична сценографија за манифестацијата посветена на нашиот великан Живко Чинго. И верувајте навистина е тешко да се најдат зборови, фрази, метафори со кои секој 13ти август ќе се разликува од претходниот во изразувањето на нашата почит кон Живко Чинго. Но, зошто и би се разликувало. Едноставноста е одлика на совршенството, само патот да стигнете до совршенството е сложен. А, Чинго беше токму тоа – едноставен и совршен, со сите човечки доблести и маани. Тој беше полнокрвен човек, затоа беше и најголемиот раскажувач. Дозволете ми овде да истакнам дека тој беше и есенцијален Македонец. Зошто не можете да бидете Македонец – творец, а во својата уметност да ја немате планетарната универзалност. Таков беше и нашиот Чинго – Велгоштанец, Македонец и граѓанин на светот. Ние како политичка власт, отелотворена во Локалната самоуправа, имаме света должност да ја негуваме оваа традиција и засекогаш да го чуваме и негуваме споменот за Живко Чинго. Конкурсот за најдобар расказ е во самиот врв на македонските литературни манифестации, а со превод на повеќе странски јазици, зазема место и во светската литературна ризница.

Почитувани присутни,

— реклама —

Дозволете ми во мое име и во името на Општина Охрид да ги упатам најискрените честитки на годинашниот лауреат, Анета Велкоска – ОДА за нејзиниот расказ „Зошто роботите не умеат да љубат“ и да и посакам долга и плодна кариера. А што се однесува до нашиот безвремен Живко Чинго, покрај оваа манифестација, бројните семинари, истражувања за неговиот лик и творештво или последното монументално дело „Книга за Чинго“ на професорите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, најдобар начин да не се заборави е да се чита неговото творештво. Верувајте ми. Неговите дела сите нас не прават подобри луѓе. Да е вечен споменот на нашиот драг Живко Чинго, истакна во своето обраќање градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Годинешниот лауреат, Анета Велкоска – ОДА истакна дека за нејзе ова претставува огромна чест.

Беседа за Живко Чинго држеше археологот Паско Кузман, кој изнесе бројни факти и случки од животот на Чинго, додека творечки опус за животот на Живко Чинго како инспирација држеше Гоце Џуклески. Манифестацијата беше збогатена со богата културно – уметничка програма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library07sf0l2mrl9tb6DVj0Q

Џез под „Света Софија“: Почна четвртото издание на фестивалот во Охрид

Охрид | пред 2 дена

media-library4qk1s4mpve60eZClkmk

Четири вечери, различни музички изрази: Охрид џез фестивал од 27 до 30 август

ОО | пред 3 дена

media-libraryos1hb68q4st10IQTc3b

Стартуваше 39. Охридски пливачки маратон, Пецаков: „Мирни води на сите пливачи“

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryvuq2j0pptvmn8gtL1YY

Млади литературни творци од четири балкански земји се собраа во Охрид

ОО | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања