Охрид и врати на министерката за култура: Ако сакате да помигнете обезбедете 60 милиони евра кои ви ги баравме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kosta-2

Изненаден сум од изјавата на министерката за култура за одземањето на ингеренциите на општина Охрид. Прво, таква законска можност каква што таа кажува воопшто не постои. Имено, според законот, централанта власт на локалната власт може условно да и ги одземе ингеренциите само за одреден предмет или за конкретен случај, а не целосно. Тоа може да го направи само во случај ако локалниот инспекторат не постапува па надлежноста ја презема државниот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

— реклама —

Градоначалникот во објавата додава:

— реклама —

Досега по сите предмети согласно нашите ингеренции сме постапувале и немало барање односно потреба за интервенција на државниот инспекторат. Второ, од денот кога е донесен планот за управување, Општина Охрид во целост го почитува и спроведува, нема ниеден случај во кој сме постапиле спротивно на планот. Трето, ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои повеќе пати ги бараме. За да можеме да ги имплементираме сите препораки за рушење на се она што е законски издржано и маркирано како значителен штетен импакт кон езерото статусот и животната средина, потребни се овие финансии кои општината ги нема. Се што досега беше во рамки на можностите на општината направивме и покажавме храброст и решителност и отстранивме сериозен дел од објектите. За крај, ако министерската алудира на тоа дека општината недоволно се ангажира за заштита на културното и природното наследство, јас одговорно тврдам дека за две и пол години колку што јас сум градоначалник се направени повеќе активности во насока на заштита отколку за последните 20 години. За крај, верувам дека министерката, исто како и сите ние, сака да го заштити регионот. Сепак, како член на владата споделува одговорност за тоа па затоа сметам дека би било далеку поконструктивно да се вклучи активно во надминување на проблемите. Верувам дека е добро заеднички да работиме за надминување на состојбите за што желба кај сите нас постои, вели градоначалникот Георгиески.

— реклама —

извор: ФБ Константин Георгиески

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 10 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања