Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков гостуваше во „За или против“ на „Алфа“ и кажа дека граѓаните добиле нефункционален автопат до Охрид.
Пецаков вели дека сите кои патуваат од Охрид кон Скопје и обратно знаат дека интензитетот на градба на автопатот е слаб.
- Ова стана автопат на смртта затоа што многу луѓе загинаа во текот на изградбата. Добиваме лажни ветувања за тоа кога ќе заврши изградбата. Немаме речиси никаква комуникација со одговорните, а се трошат милиони евра. Јас се обидов да комуницирам кога го затворија влезот во Охрид, но тие сметаа дека сум бил лицемерен, вели Пецаков.